Канческа - Милевска: Проектите за обнова на Трескавец завршени, наскоро тендер за избор на изведувач
Проектите за обнова на опожарените конаци на Трескавец се целосно завршени и очекуваме идната недела прилепскиот „Завод и музеј“ да ја почне постапката за објавувањето на тендерот за избор на изведувач и да почне обновата на опожарените конаци, изјави денеска министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска при посетата на реновираната староградска куќа на семејството Жеревци во Прилеп.
- Помина и позитивната ревизија. Многу се работеше изминатиот период. Се трудевме максимално да одиме со завршување на сите проекти, да завршат сите одеднаш, а не фазно и да се објави еден тендер за изведувач кој ќе се однесува на сите проекти заедно. Во фаза сме на добивање конзерваторско решение од Управата за заштита на културното наследство. „Завод и музеј“ Прилеп ќе може следната недела да ја почне постапката за објавување тендер за изведувач и за брзо време тој да биде избран, рече Канческа- Милевска.
Нагласи дека во текот на октомври ќе бидат промовирани целосно завршените проекти во манастирите Зрзе и „Свети Архангел Михаил“ во Варош.
- Овој месец ќе се промовираат два значајни проекти. Целосната реконструкција на манастирскиот комплекс во Зрзе, како и патот кој е веќе изграден до манастирот. Овој месец ќе го промовираме и изградениот источен конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош, додаде Канческа - Милевска.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува