Канадските пратеници ги прогласија за „геноцид“ руските напади врз Украина
Пратениците во Долниот дом на канадскиот Парламент синоќа едногласно ги прогласија како „геноцид“ руските напади врз Украина, забележувајќи дека има „доволно докази за систематски и масовни воени злосторства против човештвото“ извршени од Москва.
Претходно овој месец премиерот Џастин Трудо рече дека е „апсолутно исправно“ кога се повеќе луѓе ги опишуваат руските акции во Украина како геноцид, поддржувајќи ги обвинувањата изнесени од американскиот претседател Џо Бајден.
Бајден претходно рече дека инвазијата на Украина е геноцид, но додаде дека останува на меѓународните адвокати да одлучат дали инвазијата ги исполнува критериумите за геноцид.
Русија, која ги негира наводите за геноцид, својата акција во Украина ја нарекува „специјална воена операција“, со обвинувања на украинската страна за геноцид врз луѓето што зборуваат руски јазик во земјата, обвинение што Украина, пак, го отфрла како бесмислица.
Канада е меѓу земјите што воведоа санкции кон Русија по инвазијата на Украина на 24 февруари. Во текот на вчерашниот ден таа воведе дополнителни санкции за 203 лица за кои вели дека се соучесници во обидот на Русија да го анектира регионот Донбас во источна Украина.
Канадската Влада исто така најави дека ќе ја измени легислативата за да дозволи запленетите руски средства да ги исплати за обновата на Украина односно како помош за оние кои се погодени од руската инвазија.
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица