Канадски суд нареди деблокирање на сообраќајниците

Главниот судија на Високиот суд во Онтарио вчера нареди деблокирање на сообраќајот на копнената граница меѓу САД и Канада, што беше запрена од демонстрантите против пандемиските ограничувања.
Судијата Џефри Моравец побара деблокирање на висечкиот мост „Амбасадор“, што го поврзува Онтарио со Детроит ,во САД, и е клучен за автомобилската индустрија, но и за американските болници каде работи голем дел од канадскиот медицински персонал.
Судската одлука стапи на сила синоќа во 19 часот по локално време, за да им се даде време на демонстрантите да ја исчистат областа.
Петдневната блокада на мостот „Амбасадор“ ја чинеше канадската автомобилска индустрија стотици милиони долари, соопшти Здружението на производители на автоделови во поднесокот до судот на 10 февруари.
Преку овој мост секој ден минуваат околу 40.000 луѓе и се превезува стока во вредност од 323 милиони долари.
Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, вчера прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести против епидемиолошките ограничувања.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
