Канада вети дополнителна воена помош за Украина
Канада ќе обезбеди дополнителна воена помош од 480 милиони американски долари за Украина во следните три години, изјави денеска премиерот Џастин Трудо пред канадскиот парламент, за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трудо најави дека како дел од оваа помош, Канада ќе и испорача уште тенкови Леопард 2 на Украина.
Дополнително, во Украина во текот на три години ќе бидат испорачани 50 оклопни возила, вклучително и возила за медицинска евакуација, што ќе ги прават канадски работници во Онтарио.
Зеленски во обраќањето пред пратениците ја повика Канада да остане покрај неговата земја до победа.
Ова е прва посета на Зеленски на Канада откако Русија ја почна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Тој претходно говореше во канадскиот парламент преку видео-врска, но тоа беше на почетокот на војната.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц