Канада повикува на формирање влада без одлагање
Македонските лидери да дозволат формирање влада без одложување, побара денеска Кристиа Фриленд министерка за надворешни работи на Канада.
- Канада ги повикува македонските лидери да го дозволат формирањето на новата влада без одложување. Апелираме до сите страни да продолжат со поддршката и јакнењето на нашите заеднички демократски принципи, вклучително и почитување на демократските институции и владеењето на правото, се наведува во соопштението испратено од министерката Фриленд во врска со случувањата во Македонија.
Таа апелира и до претседателот на државата, како што вели, да ја изврши својата уставна обврска и да го прифати формирањето на новата влада што следува по парламентарните избори во Македонија одржани на 11 декември 2016 година.
- Очекуваме дека преземените следни чекори на претставниците на властите во Скопје, вклучително и претседателот, ќе бидат во согласност со демократскиот процес и Уставот, стои во соопштението.
Канада, воедно, ги повикува сите страни на воздржаност и делување во насока на она што е во најдобар интерес за Македонија и сите нејзини граѓани.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис