Македонија
6. March 2017 - 17:36

Канада повикува на формирање влада без одлагање

Македонските лидери да дозволат формирање влада без одложување, побара денеска Кристиа Фриленд министерка за надворешни работи на Канада.

- Канада ги повикува македонските лидери да го дозволат формирањето на новата влада без одложување. Апелираме до сите страни да продолжат со поддршката и јакнењето на нашите заеднички демократски принципи, вклучително и почитување  на демократските институции и владеењето на правото, се наведува во соопштението испратено од министерката Фриленд во врска со случувањата во Македонија.

Таа апелира и до претседателот на државата, како што вели, да ја изврши својата уставна обврска и да го прифати формирањето на новата влада што следува по парламентарните избори во Македонија одржани на 11 декември 2016 година.

- Очекуваме дека преземените следни чекори на претставниците на властите во Скопје, вклучително и претседателот, ќе бидат во согласност со демократскиот процес и Уставот, стои во соопштението.

Канада, воедно, ги повикува сите страни на воздржаност и делување во насока на она што е во најдобар интерес за Македонија и сите нејзини граѓани.