Македонија
2. јуни 2016 - 8:39

Кампања на Црвен крст за подигнување на свеста за хуманите потреби на мигрантите

 Црвениот крст на Република Македонија со поддршка на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска организира работилница со претставници на медиумите во рамки на кампањата за подигнување на свеста за хуманите потреби на мигрантите и активностите за поддршка што ги спроведува Националното друштво.

Од Црвениот крст на РМ информираат дека обезбедуваат интензивна поддршка и помош за мигрантите кои транзитираа низ Република Македонија, како и за лицата кои се наоѓаат во центрите на граничните премини.

Активностите на Националното друштво се спроведуваат од страна на 260 волонтери и вработени кои контиунирано во текот на целиот ден обезбедуваат поддршка за најранливите мигранти во прифатните центри близу граничните премини: кај Гевгелија (кон Грција) и Табановце (кон Србија).

Активностите на Црвениот крст на Република Македонија се поддржани од повеќе домашни и меѓународни донатори. Поддршката на Националното друштво за мигрантите е во форма на обезбедување храна, хигиенски пакети, прва помош, воспоставување на семејни врски...