Како потемнетиот тен да ви трае и до есен

Кога одите на одмор покрај море или езеро, нема потреба постојано да лежите на сонце и да се „пржете“ цел ден за да добиете совршено темен тен. Слободно може да одмарате и под сенка. Потребно е само да внимавате кои намирници ги јадете некое време пред да тргнете на пат, а и подоцна, кога сакате тој тен да потрае подолго.
Да ја задржите бојата и убавиот тен после одмор, најголема улога игра храната богата со витамин А и Е. Бета-каротенот од витаминот А влијае на што подолго задржување на бронзениот тен, а со тоа и кожата да биде посјајна и помека. Храната која е богата со овие витамини се всушност сите портокалови намирници: моркови, пиперки, целер … Пожелно е да се јадат сурови – вели нутриционистот Гордана Ѓорѓевиќ за „24сата.рс“.
Покрај бронзениот тен, жените најчесто сакаат и да ослабат и тоа за краток рок.
– Оброците треба да бидат што помали, но и чести. Ако сакате да постигнете вистински ефект, не јадете во вечерните часови по 18 часот. Сите зелени зеленчуци може да ги конзумирате во неограничени количини, а овошјето треба да го избегнувате. Ако не можете да му одолеете, јадете го околу 17 часот – вели Гордана.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
