Македонија
26. February 2024 - 21:15

Kаде и кога граѓаните можат да депонираат потписи за претседателските кандидати?

Вкупно единаесет лица се дел од битката за собирање на 10.000 потписи од граѓаните, за да може да ја трчаат претседателската трка. Професорот Вело Марковски, професорката Билјана Ванковска, а и актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски си определиле и нотари за собирање на потписите за кандидатурата, а ако граѓаните сакаат да депонираат потпис за некој од останатите 8-мина, ќе мора да посетат некоја од канцелариите на Државната изборна комисија.

Граѓаните може да си одберат дали ќе посетат некоја од канцелариите на ДИК, или пак ќе го депонираат својот потпис кај нотарите. Потребен е само документ за идентификација.   

Од Левица пријавиле 197 нотари низ целата држава, но според изјавите на нивниот претседатески кандидат тие не се користеле.

Јакимовски настапува далеку поскромно со единаесет, а најскромен е професорот Вело Марковски кој пак кај освен низ канцеларииие на ДИК, граѓаните својот потпис за него може да го депонираат и кај пет нотари.

Согласно тарифникот, нотарите од потпис во канцеларија наплаќаат 150 денари. Трошоците за потпис ги сноси или партијата или граѓанинот, во зависност од нивниот договор.

А пак, дел од партиите кои си одлучиле да го изнесат нотарот на терен, ќе си платат од 1.000 денари за нивен седум часовен ангажман.

Подносителите на иницијативите имаат време до 8. март да соберат 10.000 потписи, како предуслов за да бидат дел од претседателката трка. ДИК ги затвора вратите точно на полноќ.