Loading Video...
Кошарка
1. јуни 2021 - 17:00

Јута пред пласман во полуфиналето на западот, Вашингтон се спаси од елиминација

 
Екипата на Јута е на чекор до пласман во следната рунда на НБА плејофот. 
 
Популарните „Џезери“ стигнаа до третиот триумф во дуелите против Мемфис, па сега ги дели само уште еден од пласман во полуфиналето на Западната конференција. 
 
Донован Мичел со 30 поени и 8 асистенции, ја предводеше Јута до победата на гостински терен со 120-113 и водство од 3:1 во серијата „подобар до четири“. 
 
На истокот. Филаделфија не ја искористи првата „меч топка“ во дуелите со Вашингтон. 
 
Имено „Визардски“ славеа триумф со 122-114, со што останаа во игра, односно ја намалија предноста на Филаделфија на 1-3 во победи. 
 
Расел Вестбрук, оствари трипл-дабил во победничката екипа со 19 поени, 21 скок и 14 асистенции, па заедно со Бредли Бил беше најефикасен со 27 постигнати поени беа најзаслужните за оваа победа на Вашингтон. 
 
Следните натпревари на овие четири екипи на програмата во четврток наутро, а ќе се играат на терените на Филаделфија и Јута.