Балкан
3. February 2016 - 20:01

Јункер: Турција ќе добие три милијарди евра од ЕУ за бегалците

Турција од Европска унија ќе добие три милијарди евра помош за бегалците, откако Италија го повлече ветото, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Колд Јункер.

Помошта беше ветена во ноември, но Рим бараше сумата да биде целосно покриена од централниот буџет на ЕУ.

- Во Турција има околу три милиони бегалци и затоа беше договорено таа да добие помош од три милијарди евра од ЕУ и од земјите-членки, посочи Јункер.

Тој ја поздрави и одлуката на италијанската Влада за повлекување на ветото за помошта за Турција.