Јункер: На Грција не и се потребни нови итни мерки
На Грција не и се потребни нови итни мерки, а оние кои го враќаат сценариото за Грегзит, си играат со оган, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во интервју за грчкото електронско издание „евро2деј", пренесува БТА.
Јункер истакна дека Комисијата не работи на план за нови итни мерки и дека такви на Грција во моментов не и се потребни. - Дајте и време на Грција да ги реализира договорените мерки, вели претседателот на Еврокомисијата.
Јункер признава дека има одредени разлики помеѓу европските институции и ММФ во врска со должничкиот проблем на Грција, и начинот како тој да биде надминат.
Претседателот на Европската комисија смета дека ММФ треба да остане во третата грчка спасувачка програма. Тој ја исклучува можноста за номинално „сечење“ на грчкиот долг.
Ново на Сител
-
Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија