Македонија
30. јуни 2024 - 16:31

Со 250 милиони евра годишно ќе се развиваат општините

Прво проект, па пари. За изградба на училишта, градинки, водоводи, канализации, патишта, општините ќе мора да изготват проект, а потоа Владата на посебна сметка ќе им префрли финансии. Годишно по 250 милиони евра. Начинот на распределба на средствата веќе е утврден – напиша премиерот Мицскоски на ФБ.

По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправата ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства. Средствата се наменети за капитални инвестиции. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби, напиша Мицкоски

Според програмата во следните 4 години, како директна финансиска помош за проекти на општините планира да одвои вкупно 1 милијарда евра, или секоја година по 250 милиони.

Парите нема да се префрлаат за ликвидност, туку на посебна сметка која ќе биде дел од Владата, за решавање на проблемите со кои се  соочуваат граѓаните. Средствата ќе се делат согласно бројот на жители на општината. Сите градоначалници треба да ја подготват докуменатација и да се јават на повикот кога ќе биде објавен. 

Инаку, општините се финансираат преку наплата на даноци за имот, комуналии за издадени маркици, за вода, осветлување, смет,  такси од дозволи за користење или вршење дејност, такси на моторни возила, продажба на државно земјиште, но најголем процент, дури 70 отсто од транфери на централната власт и донации.

Ваквите податоци покажуваат голема зависност од буџетот на центалната власт и нивна слабост во генерирање сопствени приходи. Токму затоа, новата власт најавува менување на моделот за финансирање на сите општини.