Јункер: Ердоган ќе биде одговорен ако нема олеснување визниот режим за Турците
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер го предупреди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека тој ќе биде лично одговорен, доколку Анкара не ги исполни критериумите за воведување безвизен режим за турските граѓани.
Предлогот на ЕУ за либерализација на визниот режим беше дел од договорот потпишан во март годинава, со кој Турција се обврза да го спречи приливот мигранти кон ЕУ преку Грција.
При престој во белгискиот град Бриж, Јункер изјави дека нема да има олеснување на визниот режим, доколку Турција не ги исполни поставените критериумите, кои опфаќаат и промена на законите за антитероризам.
- Се што турските власти прават денес, ме тера да помислам дека во крајна линија Турција не сака да да ги почитува европските стандарди, посочи Јункер.
- Нам ни е потребна Турција..., но не можеме да се откажеме од своите главни принципи, нагласи првиот човек на Еврокомисијата.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста