Loading Video...
Фудбал
29. јуни 2020 - 15:58

Јунајтед - Челзи и Арсенал – Сити, во полуфиналето на ФА Купот

Познати се паровите за полуфиналето во ФА Купот на Англија
 
Со победата над Њу Касл на гости со 2-0 тимот на Манчестер Сити го комплетира списокот на четирите екипи кои ќе играат во полуфиналето на англискиот ФА Куп.
 
Ждрепката посака двата тима од Лондон и двата од Манчестер да избегнат  меѓусебни дуели, а згора на тоа, по еден натпревар ќе се одигра во двата града.
 
Така, во првото полуфинале закажано за 18 јули на "Олд Трафорд"  Манчестер
Јунајтед  ќе го пречека составот на Челзи. 
 
Додека за второто место во финалето ден подоцна на 19 јули во Лондон, ќе се борат Арсенал и бранителот на трофејот од лани Манчестер Сити.