Македонија
5. July 2019 - 8:39

Јубилеј 50 години од првата самостојна изложба на Упевче

По повод 50 години од првата самостојна изложба на Славко Упевче, вечер во куќата на Робевци ќе биде отворена изложба со дела од академскиот сликар.

Ќе бидат изложени повеќе од 50 оригинални дела, од разни фази на уметничкото творештво на Упевче, а ќе биде презентирана и неговата монографија.

Изложбата ќе биде отворена до 18 јули.