-->
-->
ЈСП воведе нови измени на режимот на сообраќање на линијата 65 во поплавените места
-->

Автобусите на ЈСП Скопје од утре во поплавените населени места ќе сообраќаат по изменети патни правци при што прекинуваат да важат редукциите на линиите кои беа направени заради оштетениот коловоз и непроодност.
Како што соопштија од Јавното претпријатие, линијата 65В ќе сообраќа по обиколница до клучката за село Страчинци, линија 65 ќе сообраќа по обиколница до село Раштак, линија 65б до село Смилковци ќе сообраќа само со минибус, а линија 55а од село Брњарци ќе сообраќа до крај. Минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци ќе сообраќа нормално.
Од ЈСП информираат дека линијата 65а до село Страчинци нема да сообраќа бидејќи, како што нагласуваат, патот е сеуште е непрооден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
