Џет-Сет
12. October 2017 - 11:00

Еминем му се нафрли на Трамп, со дуксери на македонски јазик

Американскиот рапер Еминем сними политички мотивиран спот во кој се нафрла врз американскиот претседател Доналд Трамп. Но еден детал во спотот, во кој Еминем рапува опкружен со група рапери од Бафало и од Атланта, предизвика реакции на социјалните мрежи.

еминем и другарите

еминем мајца5

Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј на спотот се појавуваат облечени во дуксери со натпис „семоќниот“ на македонски јазик. Вестсајд Ган, преку неговата компанија „Гризелда рекордс“, продава мајци и дуксери со натписот "семоќниот".

Во дел на спотот на Еминем се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс“, објави и фотографија од снимањето на спотот, на која Еминем стои до раперите со натписот „семоќниот“.