Македонија
9. August 2016 - 22:38

ЈСП воведе нови измени на режимот на сообраќање на линијата 65 во поплавените места

 Автобусите на ЈСП Скопје од утре во поплавените населени места ќе сообраќаат по изменети патни правци при што прекинуваат да важат редукциите на линиите кои беа направени заради оштетениот коловоз и непроодност.

Како што соопштија од Јавното претпријатие, линијата 65В ќе сообраќа по обиколница до клучката за село Страчинци, линија 65 ќе сообраќа по обиколница до село Раштак, линија 65б до село Смилковци ќе сообраќа само со минибус, а линија 55а од село Брњарци ќе сообраќа до крај. Минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци ќе сообраќа нормално.

Од ЈСП информираат дека линијата 65а до село Страчинци нема да сообраќа бидејќи, како што нагласуваат, патот е сеуште е непрооден.