ЈСП нема пари за плата на вработените, советниците не одобрија субвенции за претпријатието
Советниците не одобрија Град Скопје да му даде субвенции на ЈСП од речиси 2 милиони евра. „За“ гласаа само 22 членови на Советот.
„Како планирате година дена да немате никаква комуникација со советниците, да немаат советниците никаква информација што се случува, извештаи не добиваат, и одеднаш доаѓате со писмо, ајде сега гласајте 110 милиони. Да дадеме пари на претпријатие кое не држи во мрак година дена? Срамота е да се помисли дека сега некој со здрав разум ќе крене рака да гласа“, изјави советникот Малиша Станковиќ.
Директорот на ЈСП, Крсте Петревски, претходно од говорница ги читаше трошоците на претпријатието и рече дека без помош од Градот ќе биде изложено во тешка состојба и ќе има проблем со нормално функционирање.
„Ве замолувам сите, се работи за јавен сообраќај, мора да помогнеме за јавниот превоз да се одржи во кондиција. Доколку не ја донесеме одлуката ќе предизвикаме застој во јавниот превоз. Чесните вработени во претпријатието ќе останат без плата“, рече Петревски.
Арсовска повторно не дојде на седницата, а на нејзино место говореше нејзиниот заменик Трајановски и секретарот Глигоров.
Мартин Арсов
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?