ЈП „Водовод и канализација“-Скопје апелира разумно и рационално да се користи водата
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до жителите на Скопје разумно и рационално да ја користат водата.
-Последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие. Високите температури кои достигнуваат и до 40 степени придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче. Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со единствена цел нормално водоснабдување во секој дел од Град Скопје, се вели во соопштението.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно информативен центар, 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.
Ново на Сител
-
Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот