Македонија
2. April 2023 - 18:19

Јовески: Во последните години таргет за вработување се граѓаните од албанската етничка заедница

Во последните години таргет за вработување се граѓаните од албанската етничка заедница и затоа, тие поинаку гледаат на работите, вели за Детектор универзитетскиот професор и Претседател на комисијата за труд и социјала на ВМРО-ДПМНЕ Лазар Јовески коментирајќи ја разликата во перцепциите на граѓаните Македонци и етнички Албанци.

„75% од граѓаните сметаат дека вработувањата пред избори се предизборна манипулација ако направите дистинкција помеѓу граѓаните од македонската и граѓаните од албанската заедница има големи разлики, и во претходните анкети, тоа според мене е затоа што таргет за вработување во последните години се граѓаните од албанската заедница и тие малку можеби поинаку гледаат како заедница, како група на целиот овој процес. Тоа не треба да се крие, тоа треба да се каже јасно и гласно, Можеби така се погодиле нештата, можеби намерно, можеби ненамерно“ – вели Јовески за Детектор.