Јовески: Делот околу моторот не бил зафатен од пожарот, таму биле сместени тубите
Првиот човек на јавното обвинителство Љубомир Јовески во Тема на денот во Дневникот на Сител потврди дека еден од преживеаните патници му кажал дека од автобусот се спасиле 8 лица.
-Да, точна е информацијата. Но тоа е само негово забележување и јас верувам дека овие факти ќе се утврдат низ материјални докази - изјави Јовески.
Јовески вели дека нема информација дека арапски државјанин е меѓу преживеаните патници. Вели дека Обвинителството ја запленило целта документација и компјутерите во Беса Транс која треба да даде повеќе одговори на тоа кој патувал во автобусите.
Обвинителот вели дека сопственикот на компанијата го видел на местото на незгодата но не разговарал со него бидејќи се уште не знае во какво својство ќе биде тој вклучен во истрагата, односно дали ќе биде обвинет или сведок.
Јолевски вели дека на местото на несреќата видел 4 пластични туби кои биле сместени во делот кај што е моторот. Тој потврди дека токму тој дел воопшто не бил зафатен од пожарот.
Ново на Сител
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието