-->
-->
Јотовски со победа во двојки го почна фјучрсот во Скопје
-->

На првиот ден од главниот турнир во Скопје од македонските тенисери единствено Томислав Јотовски во двојки постигна победа. Тој заедно со Алекснадра Лазов (носители број 4) по голема борба ги победија тенисерите од Австралија Марко Јовановиќ и Кристофер О‘Конел. Првиот сет има припадна на противниците 6:3, кои водеа и со 4:2 во вториот сет, но Јотовски и Лазов направија пресврт го добија сетот со 7:5 и во решавачкиот беше 10:7 на поени.
Двајцата македонски тенисери кои настапија на првиот ден од фјучрс турнирот во Скопје што се игра на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ се елиминирани. Стефан Мицов загуби од носителот број 6 Александар Милер од Франција со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3 во гемови), додека Шендрит Деари по 2 часа и 22 минути игра загуби од носителот број 8 Лени Хампел од Австрија со 2-1 во сетови (6:0; 6:7 (5:7) и 6:4).
Утре во другите мечеви од 1.коло ќе настапат уште тројца македонски играчи Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бесир Дургути.
Во конкуренција на двојки од македонските тенисери настапот го завршија Дургути и Данил Зеленков, кои загубија од Небојша Периќ и Данило Петровиќ со 2-0 во сетови (7:6 (7:1) и 6:4).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
