Јолевски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна

Безбедносната состојба во земјава е стабилна, оцени денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип.
- Безбедносната состојба во Република Македонија е на високо ниво, и е стабилна. Ние како Армија и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме, вели Јолевски.
Министерот Јолевски најави дека во наредните 10 години Владата на Република Македонија ќе инвестира во модернизација на Армијата на Република Македонија, во кој период ќе се набави и нова опрема, а се пополнуваат и единиците на македонската Армија.
- Во последните две години примивме 470 професионални војници, во тек е Курс за обука на војници и подофицери, кои порано завршиле Факултет и тие ќе станат следните офицери во Армијата. Исто така, и на Воената Академија образуваме наши кадри. Сакам да истакнам дека денеска бев на воениот аеродром Петровец кај Скопје, каде пристигнаа првите два ремонтирани хеликоптера што пристигнаа минатиот викенд. Така да и во овој сегмент бележиме напредок, рече Јолевски.
Министерот за одбрана Јолевски денеска ги посети припадниците на Вториот механизиран пешадиски Баталјон и изврши увид во техничко - материјалната подготвеност на единицата во Штип.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
