ЈО: Притвор за албански државјанин осомничен за давање поткуп на Блаце
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 43-годишен државјанин на Република Албанија за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
Како што информира ЈО, осомничениот, на 26 август, пристигнал на граничниот премин „Долно Блаце”, како заменски возач во автобус „Сетра“ со албански регистарски ознаки кој требало да транзитира низ земјава. На полициски службеник – раководител на смена на границата осомничениот му дал една банкнота во апоен од 50 евра со цел да го поткупи за да не изврши службено дејствие – пасошка контрола која се состои од проверка и евиденција на сите патници кои се превезуваат со автобусот. Настанот бил снимен со боди камера на полицаецот, а осомничениот веднаш бил лишен од слобода.
-Предлогот за определување мерка притвор беше доставен до Основниот кривичен суд Скопје бидејќи постои реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена, соопшти ЈО.
Ново на Сител
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?