Јилдерим: Референдумот за независност на Ирачки Курдистан е закана за националната безбедност на Турција
Турскиот премиер Бинали Јилдерим синоќа изјави дека референдумот за независност на Ирачки Курдистан е закана за националната безбедност на Турција, пренесе ТАСС.
- Референдумот за независност, што го планира раководството на Ирачки Курдистан, ја засега националната безбедност на нашата земја. И никој не треба да се сомнева дека ќе ги преземеме сите неопходни чекори во врска со него, изјави турскиот премиер.
Парламентот на автономниот ирачки регион вчера го одобри планот за спроведување на референдумот за независност, закажан за 25 септември, пренебрегнувајќи ги отпорот на ирачките централни власти, на Иран и на Турција, како и стравувањата на САД и западните држави дека гласањето ќе доведе до нови конфликти во регионот и ќе го сврти вниманието од борбата против Исламска држава.
Турското Министерство за надворешни работи го повика германскиот амбасадор во Анкара за да му ја искаже својата загриженост од неодамнешните демонстрации на Курдите во Келн, пренесоа британските медиуми.
„ Го осудуваме организирањето на митингот во германскиот град Келн од филијали на терористичката организација ПКК и дозволувањето на терористичката пропаганда. Својата реакција ја изразивме на многу строг начин пред германскиот амбасадор во Анкара, кој беше повикан во министерството“, соопшти турското министерство.
Коминикето веројатно пледира на протестот од 3 септември, кога околу 25.000 Курди во Келн протестираа против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели