Јазиците на помалите етнички заедници како изборен предмет во училиштата во Општина Центар
Почнувајќи од учебната 2019-2020 година, во седумте општински основни училишта во скопската Општина Центар, како изборен предмет за трето одделенците ќе биде воведено изучување на јазиците на помалите етнички заедници во земјава.
Како што соопшти Општина Центар во текот на месец мај, по препорака на Министерството за образование и наука, општинските власти спровеле анкета за изразување интерес за изучување на српскиот јазик во паралелките од второ одделение во сите седум основни општински училишта на која позитивно се изјасниле вкупно 153 ученици.
– Имајќи предвид дека анкетата е спроведена на 29.06.2019 година, односно на денот на доделување на сведителствата, заради можно отсуство на дел од учениците, се очекува оваа бројка да се зголеми откако во септември ќе биде спроведена дополнителна анкета за отсутните. Согласно тоа, очекувањата се дека во учебната 2019-2020 година, ќе има една до две цели паралелки кои факултативно ќе го изучуваат српскиот јазик, се наведува во соопштението.
Општината најавува дека со почетокот на учебната година, веќе во септември, ќе биде спроведена и анкета за изучување на јазиците и на другите етнички заедници, поточно на бошњачки, турски, влашки и ромски јазик и во зависност од интересот и овие јазици ќе бидат воведени како изборни предмети за учениците од трето одделение.
– Воведувањето на јазиците на помалите етнички заедници во РСМ како изборен предмет во основните училишта на територија на Општина Центар има за цел да им овозможи на децата од одредена националност и академски да го изучуваат јазикот на националноста на која и припаѓаат, но и да им даде можност на децата од другите националности да се запознаат со јазикот на своите соученици. Проектот е во насока на зближување и заедништво, мултиетничка толеранција и разбирање и изучување и запознавање на децата со што повеќе јазици уште од најрана возраст, се додава во соопштението на Општина Центар.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик