Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството

- Владите треба да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот до јавни услуги - истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето на министерскиот состанок на Глобалниот самит за вештачка интелигенција, кој се одржува во Сеул.
Андоновски, кој ја предводи македонската делегација на Глобалниот самит, во своето обраќање предупреди дека постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со разни приходи, соопшти Министерството за дигитална трансформација.
- Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и вештини може забрзано да напредуваат, а економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите - истакнал Андоновски.

Министерот нагласил дека достапноста на вештачката интелигенција мора да стане јасен развоен приоритет, а како можни механизми ги посочил заедничкото користење пресметковни ресурси, регионалниот пристап и националните програми за развој.
Во тој контекст, Андоновски го претставил значењето на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција.
Преку неа компаниите и јавните институции се поврзуваат со европски суперкомпјутерски ресурси, добиваат поддршка за развој на практични решенија и се создаваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.
Осврнувајќи се на суверенитетот на податоците, министерот истакнал дека тој подразбира способност државата да ги развива и проширува сопствените дигитални решенија, да ги заштитува информациите на граѓаните и со доверба да соработува со меѓународните партнери.

- Можноста да се користат придобивките од вештачката интелигенција не смее да зависи од богатството на една држава или од приходите на едно семејство - заклучи Андоновски.
На маргините на самитот, се наведува во соопштението, министерот Андоновски ќе оствари и билатерални средби со заминик-претседателот на Светската банка, претставници на Република Кореја и колеги министри, на кои ќе разговара за продлабочување на соработката во дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
