Свет
11. December 2019 - 9:39

Јавниот превоз во Париз и околината повторно нарушен поради штрајкот за реформата на пензискиот систем

Јавниот превоз во Париз и парискиот регион и денеск е нарушен и се довива со голема отежнатост, откако синдикатите одлучија да продолжат со штрајкот против реформата на пензискиот систем, јавува дописникот на МИА.

Изутринава само во Париз и неговиот регион се измерени 470 километри автомобилски колони, поради преоптоварените патишта. Ова е последица, најмногу, поради штрајкот на вработените во јавниот превоз.

Десет од шеснаесет линии на метрото во Париз се затворени (2, 3, 3бис, 5, 6, 7бис, 10, 11, 12 и 13). Автоматските линии 1 и 14 ќе циркулираат нормално со ризик од преполнетост за време на најфреквентните часови (6:30-9:00 и 16:30-19:30). Слично е и за линијата Орливал,  која ќе сообраќа нормално.

Линиите 4 и 7 се многу нарушени со само една третина од возовите во најфреквентните часови, а повеќе метро станици ќе бидат затворени. Линијата 8 останува отворена само помеѓу Кретеј Поант ду лак и Реји-Дидеро, со само една третина од возовите во најфреквентните часови и со една четвртина попладне.

На линијата 9, сообраќајот останува многу силно нарушен меѓу плоштатот на Нацијата и Мери де Монтреј, со 50 отсто от возовите  наутро и сп само една третина попладне, и помеѓу Понт де Севр и Франклин Рузвелт, со само една третина од возовите наутро и една четвртина од возовите попладне.

Сообраќајот останува многу нарушен и на РЕР A со само половина од возовите во најфреквентните часови, а на линијата РЕР Б ќе се движат само една третина од возовите и тоа во најфреквентните часови. Интерконекцијата на северната железничка станици во Париз останува прекината.

Слично и на меѓуградските линии, така од брзите возови ТГВ сообраќа секој четврти воз, додека од регионалните возови само една третина од возовите.