Бизнис
4. May 2018 - 19:39

Јавна расправа за законот за енергетика

Во новиот закон за енергетика најмногу забелешки за регулаторната комисија . Првиот човек на  европската енерегтиска заедница Јанез Копач  посочи дека  комисијата треба да ги штити интересите на граѓаните. Вели дека со предлог законот ќе се зголемат надлежностите на  ова тело.  Но нема да биде опфатена  една обврска која тие како секретаријат ја предложиле – регулаторна  да може да поднесува прекршочни постапки.  Според домашните експерти пак  комисијата нема доволно капацитет за такво нешто. 

Барањата на граѓаните ги презентираа од здружението Но пасаран. 

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека ова прашање е комплексно и дека  ќе се решават со подзаконски акти и се надева дека проблемот ќе биде решен во корист на овие граѓани. Потенцира дека предлог законот ќе донесе конкуренција на пазарот на струја, а со тоа и поволни цени и подобра услуга за корисниците.

Со предлог законот за енерегтика се предидува до крајот на годинава целосна либералзиаицја на пазрот на струја. Домаќинствата сами ќе одлучат кој ќе ги снабдува со електрична енергија. Оние пак кои нема да одберат ќе ја добваат од унивезрален снабдувач кој ќе биде избран на тендер и ќе функционира  5 години. Со каконот се предвидува сите идни  објекти да имаат поставено на радијаторите и мерачи за топлинска енергија.