Јавна расправа во Собрание: Денови на медиумската писменост 2024
Ако пред 15 години сите чекале да ги прочитаат насловните страници на весниците, денеска најновата вест е далечна само еден клик. Со напредокот на дигитализијата, како и сите држави така и Македонија плови во океанот на дезинформации. За да се држи чекор со дигитализацијата, но и со способностите на младите да препознаат лажни вести, неопходено е да се работи на подоробрување на нивната медиумска писменост. Ова се заклучоците од јавната расправа во Собранието, во рамки на Деновите на медиумска писменост.
Невладиниот сектор е дециден дека за да имаме медиумски писмени млади, неопходно е да се инвестира во образовниот процес, следејќи го примерот на САД, каде во програмите се вметнати содржини кои ги подготвуваат учениците со знаења и вештини како да
Во борбата со дезинформациите неопходен е сеопатен пристап на институциите, граѓаните, училиштата, универзитетите, како и континуирано промовирање на важноста на медиумската писменост. Денешната јавна расправа во собранието беше организирана по повод на Деновите на медиумската писменост, кои се одбележуваат по шестипат. На овој начин Македонија се приклучува кон Глобалната недела намедиумска и информациска писменост на УНЕСКО.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар