-->
-->
Јапонски министер поднесе оставка поради проблеми со изградба на олимписки стадион во Токио
-->
Јапонскиот министер за образование и спорт Хакубин Шимомура поднесе оставка преземајќи одговорност за проблемите околу изградбата на нов национален стадион во Токио кој ќе се користи за Олимпијадата во 2020 година.
Шимомура соопшти дека го известил премиерот Шинѕо Абе за повлекувањето од функција.
Премиерот првично ја отфрли идејата за нов стадион кој би го заменил стадионот користен за Олимпијадата во Токио во 1964 година, со мотиви дека е исклучително скапо. Дизајнот на британската архитектка Заха Халид предизвика незадоволство кај многумина во Токио поради цената и формата на проектот. Во ноември треба да биде избран нов дизајн на стадионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот