-->
-->
Јапонски крап најден во Охридското Езеро - некој го пуштил од аквариум
-->
Рибата најверојатно некој ја пуштил во езерото, а познавачите велат дека не треба да се пуштаат неавтохтоните видови бидејќи го нарушуваат биодеверзитетот.
При нуркање во Охридското езеро, членови на Нуркачкиот центар „Акватек", забележале примерок на неавтохтон вид јапонски крап. Тие ја снимиле и фотографирале рибата, која најверојатно некој ја пуштил во езерото јавува ОхридНјуз.
-Апелираме да не се пуштаат во езерото неавтохтони видови риби, бидејќи можат лошо да влијаат врз биодиверзитетот на езерото. – велат од Нуркачкиот центар „Акватек" од Охрид.
Ова не е прв пат да биде забележан неавтохтон вид риба во Охридското Езеро. Пред неколку години беше уловен исто така азиски вид риба. И тогаш спортските риболовци, научната јавност и љубителите на природата предупредија на негативните последици по живиот свет во Охридското Езеро доколку се зголеми бројот на видови кои никогаш не егзистирале во овие води, кои со милениуми се природно живеалиште на голем број ендемски видови, од кои дел живеат само тука.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори