Јапонија: Ракетата што ја истрела Северна Кореја падна во море во економска зона
Ракетата што вечерва ја истрела Северна Кореја, падна во морето во територијалните води на Јапонија, наведоа јапонски претставници, но не посочија дали се предизвикани какви било штети.
Јапонската Влада процени дека ракетата летала околу 50 минути и паднала во море во јапонската ексклузивна економска зона, јави јапонската телевизија „НХК“.
Јапонија го осуди лансирањето на проектилот и веднаш свика итна седница на владиниот кабинет.
Како што претходно јави МИА, проектилот бил лансиран од околината на градот Пјонгсонг и бил насочен кон Јапонија на исток.
Северна Кореја изврши слични ракетни тестирање и во август и септември, при што ракетите прелетаа преку Јапонија и паднаа во Пацификот.
Севернокорејците се заканија со лансирање на проектил и кон американската воена база Гуам, по што претседателот на САД, Доналд Трамп директно им се закани со „оган и ужас“ доколку го сторат тоа.
Најновата проба доаѓа една недела откако САД повторно ја ставија Северна Кореа на списокот држави кои спонзорираат тероризам.
Белата куќа соопшти дека за најновото лансирање на балистичка ракета од страна на Северна Кореја е известен и претседателот Трамп.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи