Јанушев: Ако власта сака правна држава ќе ги прифати нашите забелешки за СЈО
Ако власта сака да имаме правна држава тогаш нашите забелешки за Законот за јавното обвинителство ќе бидат прифатени вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Прашан дали е задоволен од текот на преговорите, Јанушев вели дека во партијата не може да се чувствуваат задоволни поради тоа што се прифаќаат нивни забелешки бидејќи како што вели, правната држава е нешто што мораме да го имаме и тоа не може да биде причина за задоволство и покрај условите во кои функционира системот.
Рече дека не сака да открива детали за преговорите на кратко одговарајќи дека тие се во тек и дека јавноста ќе биде информирана за епилогот.
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Христијан Мицкоски во понеделникот на средба се обидоа да ги доближат ставовите во преговорите за Специјалното јавно обвинителство, потврдија од власта и од опозцијата.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот