Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во одговор на новинарско прашање за дискриминација на ученик од селото Миравци од директорката и од класната поради неговата фризура, потенцираше дека не е запознаена со случајот, но ќе работат повеќе на почитување на личните права. Таа информира дека се предвидува доедукација на наставниците во области на почитување на различностите и на човековите права.
Таа појасни дека до сега до Министерството за образование и наука (МОН) и до Државниот просветен инспекторат до сега не стигнала пријава за овој случај.
-Колку што ми е познато, до сега до МОН и до ДПИ нема стигнато пријава за овој случај. Секако, јас сум запознаена за случајот преку медиумите. Сметам дека ќе треба многу повеќе да поработиме, на почитување на различностите, на почитување на личните права. Знаете дека во одредени средини на нас ни недостасува ред, и дека треба да се воспостави ред, но не на овој начин, рече Јаневска на денешната прес-конференција.
Таа информираше дека предвидуваат средства од кредитот на Светската Банка за доедукација на наставниците во области на почитување на човековите права и на на различностите.
-Ние предвидуваме прилично големи средства од кредитот на Светската Банка за доедукација на наставниците во сите правци, не само на она што ни недостасува многу, како што е читање, пишување, информатика и другите основни вештини кои треба да ги имаат наставниците, туку и во области на почитување на човековите права и почитување на различностите, додаде Јаневска.
На крајот на декември, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација врз ученик од основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Миравци во Гевгелија.
На 1 септември момчето тргнало во училиште со коса фатена во опавче. Директорката и класната на ученикот инсистирале тој да доаѓа среден на училиште, но и кога детето дошло со скратена коса само од страните, а горниот дел фатен во опавче, тие ја побарале неговата мајка на телефон. Потоа, детето само си ја скратило косата над очите.
Мајката го пријавила случајот до надлежните, по што Комисијата за спречување на дискриминацијата ја разгледала жалбата и утврдила дискриминација врз основа на родови стереотипи. Комисијата препорачала училиштето да ги ревидира своите интерни акти и да се воздржи од такви дејствија во иднина. Во спротивно, во рок од три месеци ќе се покрене прекршочна пријава.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија