Јаневска: Во македонското образование владее тотален хаос
Во македонското образование владее тотален хаос и не држат оправдувањата дека ковид пандемијата е главна причина за тоа, вели за Детектор професорката Весна Јаневска која ја води Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ
„Резултатите од оваа анкета за мене не се изненадување. Јас и очекував за жал такво нешто.
Ако подолг период ги следиме случувањата во образованието ќе очекуваме вакви резултати. Зошто, затоа што во образованието владее еден тотален хаос. И не можеме министре ние да се правдаме со минатите години и со пандемијата и еден едноставен пример ќе ви кажам. Во пандемија кога децата се жалат дека најтешко учеле, не било образованието подготвено за онлајн настава.
Самото дете кажа дека глумеле учење, ние почнавме реформа во основно образование и тоа без учебници. Значи тогаш кога е најтешко ние почнуваме некоја реформа која прави некоја драстична промена што никој не можеше да се адаптира и вие гледате дека цела Македонија се крена на нозе, од ученици, стручна јавност, наставници и родители против таа реформа која и понатаму тврдам дека не беше осмислена како што треба и не е добра“ – вели Јаневска за Детектор.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица