Јаневска: Се планира градинките да бидат во надлежност на МОН
Министерката за образование, Јаневска соопшти дека план на новата Влада е претшколското образование, „во некое догледно време“, да влезе во системот на образование под ингеренции на Министерството за образование и наука, коешто ќе работи на обезбедување услови за да може повеќе деца да посетуваат градинка, како и на приспособување на програмите за воспитно-образовна дејност во градинките.
-Новата Влада ќе направи сѐ што е во нејзина можност да го намали чекањето за упис во градинките, вели Јаневска за Радио МОФ, посочувајќи дека приватните градинки се едно од решенијата за овој проблем.
-Во градинките или е преголем бројот на згрижени деца или воопшто нема градинки. Веќе сме сведоци дека локалните самоуправи почнуваат да го решаваат тој проблем. Приватните градинки се едно од решенијата за проблемот со чекањето за упис, не верувам дека ќе бидат достапни за сите граѓани, но очекувам дека ќе го намалат притисокот во државните градинки, рече Јаневска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец