Јакимовски бара Уставниот суд да се изјасни за СЈО
Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевче Јакимовски денеска побара Уставниот суд да ја оцени уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) чија поставеност според ГРОМ е спротивна на Уставот и Законот за судство.
Во оценка на работењето на СЈО, Јакимовски наведе дека „СЈО се заплеткува во сопствената импровизација, се претвора во политичка институција и прави огромна штета на државата“.
- Госпоѓо Јанева, дали сте свесни дека со вашите импровизации и заземање страна го девалвирате обвинителството, судството, а над се го изневерувате народот. Тој од вас очекуваше да застанете на страната на вистината, дали некој лаже, некој некого мести, некого злоупотребува или работи чесно? Ваквата вистина нема граѓанин во Република Македонија кој не сака да ја дознае, без оглед на политичката, верската или етничката припадност, рече на прес-конференција Јакимовски.
Ново на Сител
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!
-
Преглед на вестите од свет
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи