Ја набавил од Косово, скопјанец (20) ќе одговара кривично за трговија со кокаин
Кривична пријава е поднесена против 20 годишно момче од Скопје поради недозволена трговија со кокаин, откако вчера полициски службеници по претресот во неговиот дом ја пронашле дрогата, која ја набавувал од Косово.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Е.А.(20).
Тој е осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Полициски службеници вчера врз основа на судска наредба извршиле претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња во општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.
Во собата на момчето биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра.
Е.А. e лишеn од слобода и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада
-
Трамп: „Бев малку саркастичен“ за запирање на војната во Украина за 24 часа
-
Изгласана недоверба на членовите на Судскиот совет, но за заминување од функциите одлучуваат самите
-
Поради дефект без вода селата Батинци и Љубош
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград