Живот
29. February 2016 - 18:44

Ја молеле да престане: Пијана девојка на паркинг оштетила дури 17 автомобили!

Алина Михајлченко (27), девојка од рускиот град Краснодар минатата недела направила невиден хаос на еден паркинг каде за десетина минути успеала да оштети дури 17 автомобили.
 
Всушност, девојката се обидела да излезе од паркингот, но не успеала...
 
Со мобилниот телефон во рака таа без милост ги мавала другите автомобили, а сето тоа го снимил еден ученик кој во еден момент се обидел и да ја спречи.
 
Сепак, детето добило само среден прст, па се покјавил еден маж кој ја извлекол од колата.
 
Полицијата стигнала набрзо и не се изненадила премногу затоа што Алина имала 2 промили алкохол во крвта.