Ја измамиле дека ќерка и прегазила дете и понудиле помош, па и барале 50.000 денари
62-годишна жена од Скопје вчера пријавила дека и се јавило непознато лице кое и кажало дека ќерка и направила сообраќајка во која повредила малолетно лице, лицето понудило помош, но за возврат да му бидат исплатени 50.000 денари. Потоа се јавило друго непознато лице кое плачејќи се претставило како ќерката. Пријавителката по разговор со ќерка и, сфатила дека станува збор за измама. Како што информираат од МВР:
На 28.07.2020 во 18.15 часот во Полициска станица Бит пазар, К.Х.(62) од Скопје пријавила дека околу 14.45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари.
Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка.
По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен
-
НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета
-
Трамп најави нови царини за Кина, Канада и Мексико
-
Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија
-
Ведро и студено, преку денот сончево
-
Сосстојба на патишта