-->
-->
Извозот за седум месеци забележал раст од 25,7 проценти
-->
- Вкупната размена со странство за периодот јануари - јули годинава изнесува 9.102.394.000 американски долари при што бележи пораст од 24,3 проценти. Вредноста на увозот, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 5.195.729.000 американски долари и има раст од 23,3 проценти, а вредноста на извозот е 3.906.666.000 американски долари и бележи раст од 25,7 проценти.Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 1.289.063.000 американски долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 75,3 проценти.
Според објавените податоци Македонија најмногу извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари –јули 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
