Бизнис
4. August 2017 - 19:34

Извозот во првото полугодие се зголемил за 16%, увозот за 11 проценти

Извозот во првите  шест месеци од годината изнесува 2 милијарди 378 милиони евра што е за 16,2% повеќе од истиот период лани. Статистиката бележи зголемување и на увозот за 11,2% на 3 милијарди 251 милион евра.

Трговскиот дефицит со тоа изнесува 873 милиони евра, односно  покриеноста на увозот со извоз е 73,1%.

Иако растот во најголема мера се должи на активностите на компниите во зоните, за раздвижување во економијата говорат и домашните стопанственици.

Најголемо учество во извозот имаат катализаторите, сетовите на проводници, фероникелот и облеката, додека во увозот најзастапени се легурите  на платина, нафтените масла и електричната енергија.

Владата за наесен најавува мерки за поголем поттик на извозот на домашната индустрија и соработката во добавувачкиот ланец  на странските компании.