Извлечено тело од авионот во кој леташе Сала- не е познато за кого станува збор
Аргентинскиот напаѓач, Емилијано Сала исчезна пред десетина дена кога се урна авионот во кој леташе од Нант кон Кардиф. Потрагата по скоро една недела го пронајде леталото на дното на Ла Манш, а беше и лоцирано и едно тело во леталото.
Истражувачите вчера изјавија дека авионот ќе биде извлечен на површина во наредните денови и уште не е познато каде се наоѓа второто тело, а постои можност и тоа да е во авионот.
Англиските медиуми објавија дека телото кое веќе беше лоцирано се наоѓало на дното на морето, но дека успеале да го извлечат од авионот. „Мирор“ објави дека телото е извлечено и се наоѓа на брод во близина на местото на падот на авионот.
Но, уште не е познато за кого станува збор, дали на фудбалерот или пилотот, но наводно членовите на двете семејства се подготвени на идентификација доколку тоа биде потребно и наскоро се очекуваат повеќе информации.
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
