Бизнис
27. January 2017 - 19:37

Извезени првите количини млечни производи на рускиот пазар

Почна првиот извоз на македонски млечни производи на рускиот пазар. Русите ќе можат да ги пробаат македонското сирење, кашкавал и млеко на една млекарница  од земјава.

Наскоро се очекува со извоз да почнат и останатите  две кои лани добија дозвола.

Надлежните потенцираат дека антируските санкции кои сеуште траат, се одлична можност за македонските производители да станат конкурентни на рускиот пазар. Ова ќе значи осовременување на нивното производство и окрупнување на сточниот фонд.

Компаниите од месната индустрија пак не можат да извезуваат се додека користат суровини од ЕУ.

Сеуште се чека на извозот на македонската ракија. Како што информира Бешлиев сертификацијата во Русија е многу покомплицирана. Додека македонското вино веќе е добро познато.

Голем интерес за соработка со македонските фирми покажале и руските компании од ИТ секторот.

Засега во Русија најмногу се извезуваат фармацевтски и прехранбени производи.

До крајот на ноември лани, од земјава во Русија, има извезено речиси 50 отсто повеќе стока  отколку во 2015.