Израелските сили убија двајца Палестинци во Наблус
Двајца млади Палестинци беа убиени откако израелските сили упаднаа во окупираниот град Наблус на Западниот Брег, соопштија официјални лица.
Палестинската Црвена полумесечина во петокот соопшти дека нејзините тимови „ги пренеле телата на двајца мажи од Стариот град Наблус“. Уште три лица се повредени.
Според палестинските медиуми, двете убиени млади момчиња се Хамза Макбул и Каири Шахин. Израелските сили ја опколиле куќата пред да пукаат кон мажите.
Лицата, според израелската војска, се осомничени дека пукале во полицијата оваа недела.
Инцидентот се случил пред неполни два дена откако израелската војска го нападна бегалскиот камп Џенин, при што загинаа 12 Палестинци, а 140 беа ранети, од кои 30 тешко.
Нападот, кој принуди илјадници луѓе да го напуштат кампот, кој беше оставен во урнатини, беше најголемиот на Израел на Западниот Брег во повеќе од 20 години.
Израел напаѓа и убива Палестинци на Западниот Брег на речиси секојдневна основа од јуни 2021 година, во обид да го задуши растечкиот вооружен отпор.
Ново на Сител
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека
-
ДСЗИ не констатирал недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во Струшката болница
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат