Израелската воена авијација гранатира сириски воени позиции
Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа воени позиции во Сирија како одговор на гранатирањето од земјата, соопшти денеска ИДФ.
– Пред кратко време, борбени авиони на ИДФ погодија воена инфраструктура и минофрлачи на сириската армија како одговор на вчерашното лансирање кон Израел, соопшти израелската војска на социјалните мрежи.
Израел редовно бомбардира цели во соседната Сирија разорена од војна, во обид да го спречи големиот ривал Иран да го прошири своето влијание таму, пренесе ДПА.
Воздушните напади се зачестија од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас поддржан од Иран на палестинските територии, која почна пред повеќе од две недели.
Техеран е главен поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад од бунтот против неговото владеење во 2011 година.
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале