-->
-->
Израел во напад со дрон го уби вториот човек на Хамас, прекинати преговорите за примирје
-->
Во израелски напад со дрон во Бејрут убиен е Салех ал-Арури, заменик шефот на политичкото биро на Хамас и уште петмина други, соопштија претставници на Хамас. Арури беше еден од основачите на неговото воено крило, бригадите Касам, кои го извршија крвавиот напад на израелска територија на 7 октомври. САД минатата година понудија 5 милиони долари за информации за него.
Од Хамас нападот го оценија како кукавичко убиство, додека за Израел ова е хируршки прецизен напад. Според либанските медиуми, Хамас ги известиле посредниците во Катар дека по ова ги замрзнува сите преговори за примирје. Убиството на ал Рури беше причина за големи протести вечерва во Западниот брег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами